Кличко: Експлозии во Киев

2 mins read

Експлозии во Киев во областите Днепар и Дарницки, напиша градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.

“Неколку експлозии во главниот град. Службите веќе работат на самото место. Повеќе детали – подоцна …”, рече шефот на главниот град.

Сирените за воздушен напад претходно се огласуваа низ поголемиот дел од Украина.

Руската армија продолжува да напредува во Донбас. Стратешки важниот индустриски град Северодонецк, во областа Луганск, сега е главно под руска контрола, но украинските сили продолжуваат да пружаат силен отпор. Киев вели дека Русите ги креваат во воздух мостовите на реката Северски Донец за да ја спречат Украина да доставува воено засилување и помош за цивилите.

Гувернерот на Луганската област Серхиј Гајдаи тврди дека украинската војска успеала да врати дел од територијата на Северен Доњецк и дека би можеле да бранат делови од градот уште две недели.

Во областа Одеса две лица се повредени кога проектил удрил во магацин за земјоделски производи. Украинските власти соопштија дека неколку руски бродови за крстарење се уште се во Црното Море. Руското Министерство за одбрана потврдува дека гаѓало неколку цели на југот и североистокот на Украина.

Полскиот заменик министер за надворешни работи Павел Јаблонски тврди дека претставниците на ЕУ веќе работат на седмиот пакет санкции против Русија.

„Санкциите треба да бидат уште поостри. Што се однесува до гасот, Русија сè уште може да го продава. Постои и исклучување на сите руски банки од системот SWIFT, пред се Гаспром банката“, рече Јаблонски.

Претседателот на Украина ги повика градоначалниците на американските градови да го прекинат збратимувањето со руските градови и да се приклучат во обновата на Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е од витално значење Русија да не биде понижена за да може да се најде дипломатско решение. Во интервју за француските медиуми, Макрон рече дека му посочил на Путин дека прави историска и суштинска грешка со нападот на Украина, на штета на сопствениот народ и на себе.

Коментирајќи ја понудата на францускиот претседател Макрон да посредува во преговорите, советникот на Володимир Зеленски рече дека нема смисла да се преговара со Русија додека руските сили не се турнат колку што е можно подалеку кон границите.

kurir.mk

Претходно

Партиски препукувања за преговорите со Бугарија, кој нанесува поголема штета

Следно

Притвор за 16 годишното момче кое прегази жена кај Бит Пазар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian