Како правилно да ги наредите намирниците во фрижидерот, за да не се расипаат

8 mins read

Производите по купувањето треба што побрзо да се стават во фрижидерот, но имајте на ум дека и таму можат да се расипат и да предизвикаат труење. Торбите со храна не ги оставајте долго надвор од фрижидерот, бидејќи високите температури се поволни за размножување на бактериите и можат да доведат до тоа брзо да почне процесот на гниење. Овошјето и зеленчукот би требало да бидат во фрижидерот најдолго во рок од два часа, а месото во рок од еден час.

Водете сметка за тоа амбалажата да не е оштетена како и да нема знаци на оштетување на производите, бидејќи на таквите места бактериите најлесно се вовлекуваат.

Свежото мелено месо најризично

Под најголем ризик за акумулирање на бактериите во фрижидерот е свежото  месо, особено меленото. Пред да го складирате во фрижидерот, уверете се дека е добро спакувано, како и дека хартијата не е крвава. Добро е да го ставите во сад, за крвавите сокови да не потечат на другите производи. Ставете го на најниската полица, бидејќи тоа е најладниот дел од фрижидерот, истакнуваат нутриционистите. Истото се однесува и на свежата риба, како и на јајцата. Иако повеќето фрижидери имаат полици за јајца во вратите, оние кои ќе стојат подолго подобро е да ги складирате во картонска кутија и на долната полица во фрижидерот. Месото, паштетите и производите од конзерва, исто така, треба да ги држите на долниот дел, но храната не оставајте ја во отворена конзерва подолго од неколку часа. Подобро префрлете ја содржината во стаклена кутија со капак. И свежото и топеното сирење лесно може да привлечат бактерии, па важно е да бидат складирани во добро затворени, стаклени или пластични кутии.

Лиснатиот зеленчук како што е зелената салата, пак, мора да биде во влажно опкружување за да ја задржи свежината. Држете го во пластично ќесе кое треба да биде затворено за водата да не тече по другите производи. Влагата го забрзува процесот на гниење, односно ја скратува трајноста. Затоа, оддалечете го другиот зеленчук од зелената салата, најдобро во посебна полица или фиока за да не ја акумулира влагата.

Тоа посебно се однесува на доматите, морковот, целерот, брокулата и сличните видови зеленчук кај кои влагата брзо предизвикува гниење, па веднаш извадете ги и искористете го здравиот дел. Овошјето и зеленчукот не би смееле да бидат премногу меки, бидејќи на таквите парчиња брзо се развива процесот на гниење. Ако не е пакувано, пред да го складирате во фрижидерот измијте го и добро исушето го со салфетки. Важно е да ги исушите производите пред складирањето, бидејќи влагата го поттикнува размножувањето на бактериите. Единствено зрнестото овошје не треба да се мие пред да се стави во фрижидерот, туку пред да го консумирате, но складирајте го во затворен сад, бидејќи брзо гние во влажен простор.

Складирање на производите

Еднаш неделно задолжително прегледајте ја содржината на фрижидерот и извадете ги производите кои почнале да се расипуваат. Дезинфицирајте ги полиците и површините на фрижидерот. Извадете се од фрижидерот, па полиците и внатрешноста избришете ги со раствор од вода и прашок за печиво.

Ќе заштедите енергија и подолго ќе го одржите квалитетот на производите ако температурата на фрижидерот ја наместите помеѓу 1,5 и 4 Целзиусови степени.

Најмногу бактерии се задржуваат во преградите за чување на производите, како и во оние за месо.

Овошјето и зеленчукот треба добро да се измијат пред да се стават во фрижидерот, бидејќи бактериите брзо се шират од еден на друг производ.

Јаболките, доматите и авокадот содржат етилен кој го забрзува дозревањето на зелениот лиснат зеленчук, морковите или на брокулата кои се на тој растителен хормон особено чувствителни, затоа немојте да ги складирате заедно во фрижидерот.

Месото треба да се држи на најниските полици, бидејќи на тоа место е најстудено. Спречете го течењето – за да го избегнете нередот и опасноста од контаминација на сировата храна секогаш добро обвиткајте ја, дури и кога е ставена на сад, за ништо да не тече по фрижидерот.

Колку траат одредени производи во фрижидерот?

Ви донесуваме листа на најчесто користените производи во кујната:

Праските во фрижидерот може да стојат три до пет дена, грозјето и до седум дена, боровинките една до две недели, а јаболките и три недели. Помекото овошје (малините и јагодите) искористете ги за два до три дена.

Зеленчукот кој бара влага, како што е зелената салата, во фрижидерот може да трае три до четири дена. Кељот, брокулата, спанаќот и слично може да траат три до пет дена, доматите до седум дена, целерот една до две недели, морковите две до три недели.

Свежата риба, свежите колбаси и пилешкото најдобро е да се потрошат за два дена. Говедското, телешкото и свинското месо можат да траат и ден подолго.

Свежото мелено месо не би смеело да стои подолго од 24 часа.

Супата и варивата добро затворени, можете да ги чувате во фрижидерот до три дена. Вареното, печеното или похуваното месо, ако е херметички затворено, може да се чува во фрижидерот два до три дена;

Јајцата може да стојат три до пет недели. Ако имате јајце за кое не сте сигурни колку стои и дали е во ред, ставете го во чаша со ладна вода. Свежото јајце ќе потоне на дното, она старото ќе плута на површината на чашата.

Долготрајното (пастеризирано) млеко, отворено може да стои во фрижидерот околу три дена. Тврдите сирења ќе траат една до две недели, со тоа што треба да внимавате да се во хартија или во затворена кутија.

Отворените парчиња сувомесни производи можат да стојат три до пет дена, додека сувите колбаси можат и до еден месец. Школките потрошете ги во рок од неколку часа, свежата риба за ден-два, додека печената или варената можете да ја чувате до два дена.

Приготвената храна изладете ја

Ако сте приготвиле повеќе храна и сакате да ја ставите во фрижидерот за утредента, водете сметка храната добро да се излади, но и надвор од фрижидерот да не стои подолго од еден час по варењето. Готвената храна складирајте ја во добро затворена кутија, немојте да ја вадите долго време пред да ја консумирате и тогаш задолжително добро загрејте ја.

Зеленчукот кој бара влага, како што е зелената салата, во фрижидеротможе да трае три до четири дена.

Кељот, брокулата, спанаќот и слично може да траат три до пет дена, доматите до седум дена, целерот една до две недели, морковите две до три недели.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Македонија води со голот на капитенот Барди против Гибралтар

Следно

Тимотеј: Aктот на СПЦ дел од процесот за добивање официјален Томос од Вселенската патријаршија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian