Како да беше пред 100 години, Македонија деновиве се сеќава на незборавниот пречек на „Вардарци“

1 min read

Ова се денови кога се испишуваше спортската историја. Денови кога срцата чукаа во едно и навиваа за победа. Плоштадот „Македонија“ пред три години беше обоен во црвено-црно, откако над 150.000 Македонци се собраа за да ги поздрават европските шампиони, ракометарите на РК Вардар.

Тоа беше втора европска круна за „вардарци“, со уште поголема тежина од онаа првата поради огромните долгови на газдата кон играчите, кои покажаа неверојатен карактер, се издигнаа над сите проблеми и остварија феноменален успех.

Шпанецот Парондо го предводеше Вардар до втората европска титула во Келн, каде пред „црвено-црните“ паднаа европските гиганти Барселона и Веспрем.

Илјадници фанови надвор од Скопје дојдоа во главниот град за овој спектакуларен дочек…

skopjeinfo.mk

Претходно

Маричиќ: Проактивностa во дијалогот со Бугарија може да даде резултат

Следно

Црна Гора, Северна Македонија и Бугарија му забранија прелет на Лавров до Белград

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian