ФОТО+ВИДЕО | Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ се ожени со 20 години помлада: Невестата со еден детаљ ја ископирала пејачката

2 mins read

Поранешниот сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, турскиот пејач Мустафа Сандал се ожени со својата две децении помладата девојка Мелис Сутшуруп, а на романтична церемонија во Рим, Италија се заколнаа на вечна љубов.

Мустафа и Мелис споделија фотографии на своите профили на Инстаграм, а на кои е облечен во црн костум, а Мелис во краток бел фустан. Во описот на фотографијата стави кратко: „Да“.

Венчавката се одржала во турската амбасада во Рим, а свечената прослава за семејството и пријателите ќе трае дури 3 дена. Свадбата за околу 80 гости во летувалиштето Мармарис ќе трае од 10 до 12 јуни.

Сместувањето и превозот за гала прославата на гостите им го обезбедил младоженецот. Парот на 10 јуни ќе приреди „грчка вечер“ во ресторанот на хотелот, утредента ќе прави свадба во градината на истиот, а потоа со гостите ќе се симнат на плажата каде што ќе се одржи забавата. Венчавката ќе заврши со прекрасен ручек следното утро.

Парот, кој е во врска три години, судбоносното „да“ го изговорил во Рим, во присуство на сведоци, а во таа прилика невестата, која е во целосна спротивност на Емина Јаховик, облекла атрактивен бел костум.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Да потсетиме, турската музичка ѕвезда баснословно ја плати и првата венчавка со Емина Јаховиќ во Истанбул, а по тој повод младенците изгледаа вака.

А, еден детаљ и двете невести го имаа истиот – мрежа преку лицата.

ФОТО | Мустафа Сандал се вери со својата сакана Мелис: „Емина е минато“

Емина Јаховиќ ќе го тужи Мустафа за 26 месеци неплатена алиментација: „Не им е платено здравствено осигурување на децата“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Салах и Стерлинг би можеле да играат заедно во Барселона

Следно

Реал има „кралски“ буџет, Анчелоти ќе може да потроши 450 милиони евра за засилувања

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian