ФОТО | Шакира заврши во болница по објавата дека се разделува со Пике: Пејачката објасни што се случило

1 min read

Пејачката Шакира неодамна ја снимија папараците во возило на брзата помош, па се шпекулираше поради што била пренесена во болница.

По сите гласини дека доживеала напад на анксиозност, се огласи Шакира и објасни што точно се случило.

Четириесет и пет годишната пејачка откри дека нејзиниот татко Вилијам Мебарак Шадид паднал и завршил во болница.

„Луѓе, добивам многу загрижени пораки затоа што неодамна ме видоа во возило на брзата помош во Барселона. Само сакав да кажам дека овие фотографии се направени кога мојот татко, за жал, тешко падна, па го спроведов до болница со амбулантното возило, каде што сега се опоравува“, напишала Шакира на Твитер.

„Ве молам, испратете му ги сите најдобри желби и ви благодарам на сите како и секогаш за поддршката“, додала пејачката.

Заедно со објавата таа споделила и фотографија со нејзиниот татко, чие лице е покриено со модринки.

Да потсетиме, Шакира вчера потврди дека ја раскинала долгогодишната врска со шпанскиот фудбалер Жерар Пике.

„Жал ни е што се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои ни се најголем приоритет, ве молиме да ја почитувате нашата приватност“, пишува во заедничката изјава на поранешната двојка.

Шакира и Пике беа во врска 12 години и ги имаат синовите Милан и Саша.

Шакира и Пике се разделуваат: Фудбалерот ја изневерил и се иселил од дома?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мото ГП: Квартараро најбрз во Каталонија, неверојатна грешка на Еспаргаро

Следно

Делегација од СДСМ на средба со Генчовска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian