ФОТО | Ова е секс-бомбата поради која Шакира и Пике се разделуваат? Ќе кажам сѐ, вели таа

2 mins read

Колумбиската пејачка Шакира (45) и нејзиниот 10 години помлад партнер Жерар Пике, стопер на Барселона, се заедно од 2011 година.

Фото: Профимедиа

Имаат и две деца, но никогаш не се венчале. Медиумите ширум светот деновиве пишуваа за прекинот на долгогодишната врска, а причина за тоа, како што пишуваа таблоидите, било неверството на Пике.

„Жал ни е што мора да потврдиме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои ни се приоритет, сакаме да се почитува нашата приватност“, напишале Шакира и Пике во заедничкото соопштение.

Фото: EPA/ANDREU DALMAU

Иако како можна партнерка на Пике беше спомната мајката на неговиот млад соиграч Гави во некои медиуми, повеќето известувања сугерираа дека станува збор за една млада, 20-годишна хостеса.

Секако, во вакви прилики постојат многумина кои го бараат своето парче слава и медиумското внимание. Така, во шпанските таблоиди се појави „славната“ навивачка на Барселона Сузи Кортез.

Таа тврди дека Пике и претходно бил „палав“ и дека често добивала непристојни пораки од него, но досега молчела од почит кон Шакира.

– Тој ми испрати подиректна порака. Единствените играчи на Барселона кои никогаш не ми испратија ништо беа Меси и Кутињо. Тие се одлични сопрузи и ги почитуваат своите сопруги. Шакира не го заслужи ова – изјави Сузи Кортез за „El Diario NY“.

Таа рекла дека Пике го добил нејзниот број од нејзиниот пријател, поранешен претседател на Барселона, Сандро Росељ.

– Го интересираше кога ќе се вратам во Европа од Бразил, секогаш ме прашуваше за мојот задник, го интересираше колку ми е голем, а му пречеше и тоа што Меси добива толку внимание од мене – додала Сузи.

Инаку, Шакира е обвинета за даночна измама во Шпанија, наводно „замрачила“ 14,5 милиони евра данок. Ова не се најсреќните денови за популарната колумбиска пејачка…

Шакира и Пике се разделуваат: Фудбалерот ја изневерил и се иселил од дома?

Шакира откри дека „никогаш не е задоволна од сопствените песни“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грузија пукна „петарда“ против Бугарија во Разград

Следно

Бундеслига: Кузмановски прв стрелец во триумфот над Ерланген

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian