Македонскиот топ-модел Катарина Ивановска и кошаркарот и претседател на КФМ, Перо Антиќ, извесно време се во врска. Иако, својот приватен живот не сакаат да го експонираат, најновите фотографии покажаа дека тие уживаат во меѓусебното дружење.
Манекенката и кошаркарот, судејќи според приложените фотографии на нивните профили на Инстаграм, поминале убави денови во турскиот бисер Бодрум и иако не објавија заедничка фотографија, повеќе од јасно е дека заедно уживале во убавините на популарното турско летно одморалиште.

Меѓу неколкуте инстаграм-приказни, една привлече особено внимание, а станува збор за фотографија на која Катарина лежи на грбот на „непознат“ маж. Катарина сподели уште една инстаграм-приказна, на која Перо Антиќ претходно ја имаше означено.


ВИДЕО: Катарина Ивановска стави крај на шпекулациите за љубовната врска со Перо Антиќ