Египет ќе донира 30 милиони вакцини против Ковид на африканските земји

1 min read

Египет ќе донира 30 милиони дози вакцина против Ковид-19 на африканските земји, изјави египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.

„Иницијативата ќе биде координирана од Африканската унија (АУ)“, додаде шефот на државата во своето обраќање пред присутните на првата африканска здравствена конференција ExCon, што беше отворена денеска во Каиро.

На форумот учествуваат околу 2.000 кандидати кои ги претставуваат владините институции од Африка и Блискиот Исток, како и повеќе од 350 компании од повеќе од 102 земји. Настанот е во организација на Египетската канцеларија за јавни набавки.

Египет доби милиони дози вакцини преку глобалната програма за пристап до вакцини Ковакс и ја произведува кинеската вакцина Синовак од јуни 2021 година, според договор со кинеска фармацевтска компанија.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Тимотеј: Aктот на СПЦ дел од процесот за добивање официјален Томос од Вселенската патријаршија

Следно

ВИДЕО | Мараја Кери доби тужба од 20 милиони долари за нејзиниот најголем хит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian