Делегација од СДСМ на средба со Генчовска

1 min read

Партиска делегација на СДСМ, заменик претседателката Сања Лукаревска, генералниот секретар Миле Зечевиќ и секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, денеска, во партиските простории, се сретна со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Теодора Генчовска којашто е во официјална посета на земјава.

Се разговараше за односите помеѓу двете земји, процесот на европска интеграција како и за состојбата во целиот регионот.

Претставниците на СДСМ на средбата јасно ја истакнаа потребата од што поскоро започнување на преговорите со Европската Унија.  Република Северна Македонија ги има исполнето сите критериуми согласно реформските процеси, факт потврден и со одлуката на Европскиот совет.

Градење на добрососедските односи е во интерес на двете земји но и на целиот регион. Оттука, заложбите за добрососедство и пријателство мора да бидат взаемни и отворени.

Новиот геополитички момент кој што се случува во Европа по војната во Украина, проширувањето на ЕУ и приближувањето на процесите не е само политичко и економско, туку и важно безбедносно прашање за целиот регион.

Потребна е напорна работа на двете страни за изнаоѓање фер решение за сите отворени прашања меѓу Република Северна Македонија и Бугарија, врз основа на европски принципи и почитување на достоинството на двата народи.

Заштита на македонските национални интереси и градење на европска иднина за граѓаните е приоритет на СДСМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Шакира заврши во болница по објавата дека се разделува со Пике: Пејачката објасни што се случило

Следно

Абазовиќ: Иднината на Црна Гора е сигурна, ние сме НАТО

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian