Дали е откажана посетата на Лавров? Руската дипломатија во саркастичен тон- Не ја совладавме телепортацијата

2 mins read

Министерството за надворешни работи на Русија ја потврди веста дека Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора не дале дозвола за летот на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој требаше да го посети Белград од 6 до 7 јуни, пишува Интерфакс.

„Овие извештаи се точни“, изјави за Интерфакс висок извор од руското Министерство за надворешни работи во неделата.

Одговарајќи на прашањето дали поради ова е откажана посетата на Лавров на Србија, дипломатот беше сакрастичен:

„Нашата дипломатија се уште не ја совладала способноста за телепортирање.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за италијанскиот канал „Лав7“ изјавила дека земјите кои се граничат со Србија го затвориле својот воздушен простор , не дозволувајќи му прелет на авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој се подготвувал да ја посети Србија. , Руската делегација требаше да пристигне во Белград на разговори.

Земјите-членки на Европската унија и НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден канал за комуникација, изјавила Захарова.

Таа нагласила и дека Русија нема намера да крева „железната завеса“, туку дека тоа оќчигледно сака да го направи Европската унија.

Според Интерфакс, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, претходно во неделата изјавила дека ситуацијата со доаѓањето на Лавров во Белград е „исклучително комплицирана“ и дека целата логистика ја води претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Неверојатно е дека денес ситуацијата во Европа и светот е таква што претседателот на една земја треба да се занимава со работи како што е патната логистика на министерот за надворешни работи на друга земја, од која зависи дали ќе дојде или не – изјави Брнабиќ. .

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бундеслига: Кузмановски прв стрелец во триумфот над Ерланген

Следно

Бугарскиот селектор Петров си поднесе оставка по дебаклот со Грузија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian