Македонскиот репрезентативец продолжува со одличните игри во дресот на Хановер сезонава во најсилната германска лига.
Хановер успеа во рамките од 32 коло да триумфира на домашен терен минимално против Ерланген со 28:27.
Филип Кузмановски беше прв стрелец постигнувајќи шест голови, колку и неговиот тимски колега Мартиновиќ.
Нашиот играч во последните секунди го реализираше победничкиот гол за 12 победа сезонава и 12 место на табелата со 26 бодови.
На спротивната страна Стејнерт беше најрасположен кој осумпати се запиша во листата на стрелците.
За Хановер-Бургдорф до крајот на сезоната остануваат уште два меча во Бундеслигата, на 9 јуни кај Либек и на 12 јуни дома против Лајпциг.