Зошто Ентони Хопкинс, Том Џонс и Лоренс Фишбурн не разговараат со нивните деца?

3 mins read

Ентони Хопкинс ја шокираше јавноста кога објави дека 20 години не разговара со својата ќерка Абигејл и дека не знае дали има внуче, но и дека не му е гајле за тоа.

Ентони Хопкинс / Фото: Профимедиа

Хопкинс има само едно дете, ќерката Абигејл, која ја добил во бракот со британската глумица Петронела Баркер, а првите проблеми во тој брак настапиле веќе во првите месеци на заеднички живот.

Во третата година од бракот Петронела забременила и Хопкинс таа вест не ја дочекал со воодушевување, а раѓањето на Абигејл не го спасило бракот. Во тоа време Хопкинс веќе бил славен и постојано бил отсутен од дома и почнал да ужива во големите количини алкохол, па дневно знаел да испие и цело шише текила. Кога Абигејл имала 14 месеци Хопкинс го напуштил семејството за да живее со друга жена.

Абигејл со години не разговара со татко и бидејќи не може да му прости што ги напуштил неа и нејзината мајка, а поради тој лош однос во текот на студиите доживеала и нервен слом.

Абигејл / Фото: Профимедиа

Хопкинс вели дека не му е грижа за семејниот раскол и признава дека е „доста индиферентен“ кога станува збор за неговата ќерка. На една фотографија снимена пред 27 години, на црвениот тепих, на која се прегрнати, не се гледа дека има несогласувања помеѓу нив, но вистината е дека таткото и ќерката од почетокот имаат минимална и лоша поврзаност.

Во 1993 година година накусо воспоставиле нормален однос, но потоа следеле и две децении на изостанок на комуникција и отуѓеност.

„Луѓето ги прекинуваат односите и врските. Семејствата се разделуваат и… знаете… понатаму, продолжувате со сопствениот живот“

Ентони Хопкинс не е единствената јавна личноаст од светот на шоубизнисот кој има семејни проблеми. Од своите деца се одрекле и познатите Том Џонс и Лоренс Фишбурн.

Том Џонс го добил синот Џонатан Беркери во кратката романса со манекенката Кетрин Беркери, а иако со ДНК-анализа е потврдено дека тој му е биолошки татко на детето, пејачот никогаш не сакал да го запознае својот син. Наместо во богатство, синот на Том Џонс живее како бездомник.

Том Џонс / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

„Не ги сакам неговите пари, само сакам да се запознаеме“, изјавило несреќното момче.

Кога Том Џонс се запознал со Кетрин тој имал 47 години, а таа 24 и по една страсна ноќ музичарот на мајката на неговото дете едноставно никогаш веќе не и се јавил.

Лоренс Фишбурн / Фото: Profimedia

И познатиот Морфеус од „Матрикс“, глумецот Лоренс Фишбурн се откажал од својата ќерка затоа што во 2010 година го снимила видеото за возрасни „Чипи Ди“. Монтана Фишбурн угледувајќи се на познатата старлета и ријалити ѕвезда Ким Кардашијан која се прослави со експлицитна снимка, снимила интимно видео очекувајќи дека преку ноќ ќе стане славна. Меѓутоа ниту се прославила, ниту заработила од снимката поради малата гледаност.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Елмас: Мора да ја поправиме реализацијата против Гибралтар

Следно

Проф. д-р Љубица Георгиевска-Исмаил: Колеж на интелектуалци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian