ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со температура до 37 степени, попладне пороен дожд и грмежи

1 min read

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Времето и утре ќе биде многу топло, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање, информираат од УХМР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 4 јуни: Нема ги потиснувајте вашите чувства и потреби

Следно

Почнува полагањето државна матура за 15 899 кандидати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian