Скопјанец тешко повреден на работното место

1 min read

Вработен во фирма во Чаир е тешко повреден при изведување на работните задачи. 

-На 02.06.2022 во 13.20 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека при извршување работни задачи во фирма на подрачјето на Чаир со тешки телесни повреди се здобил М.Н.(55) од Скопје. Тој бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, известија од МВР. 

Увид бил извршен и за настанот бил запознаен Трудов инспектор. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Почнува полагањето државна матура за 15 899 кандидати

Следно

Баерн ја одреди сумата што треба Барселона да ја плати за Левандовски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian