Санкционирани 26 возачи кои возеле под дејство на алкохол на територијата на СВР Тетово

1 min read

Во текот на изминатата вечер (03/04.06.2022) во периодот од 21:00 до 03:00 часот на територија на СВР Тетово спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што се констатирани и законски санкционирани 26 возачи.

Како што информира денеска МВР, најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Тетово 16, на подрачјето на Гостивар 10. За време на контролата биле санкционирани и 33 останати прекршоци.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што сè може да се најде во клима-уредите: Ако не ги чистите редовно, ќе си го загрозите здравјето

Следно

Подољак: Војната може да трае уште шест месеци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian