„Протокол си е протокол“: Принцот Хари и Меган успешно ги „избегнаа“ принцот Вилијам и Кејт

1 min read

Во петокот во катедралата Сент Пол во Лондон се одржа миса во чест на кралицата Елизабета Втора и нејзиното 70-годишно владеење.

За протоколот се погрижила лично кралицата, која поради здравствени причини била принудена да ја следи целата поворка од палатата, на екран.

меган маркл
Меган и Хари / Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Како што пишуваат британските медиуми, кралицата дала се од себе за да ги „држи“ доволно оддалечени нејзините внуци принцот Хари и принцот Вилијам имајќи предвид дека тие двајца наводно не разговараат еден со друг.

Иако на сите официјални настани на кралското семејство, досега можевме да ги видиме војводите од Сасекс веднаш зад постарите војводи од Кембриџ, според хиерархија, овој пат не беше така.

кејт мидлтон
Вилијам и Кејт / Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Не им требаше многу време на сите да забележат дека Меган Маркл и принцот Хари овој пат добиле места на сосема спротивната страна од црквата, доволно далеку од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, со кои не се во добри односи веќе неколку години.

И двајцата браќа се појавија расположени пред катедралата, придружувани од нивните дотерани сопруги, но на вториот ден од прославата на платинестиот јубилеј на кралицата успеаја да избегнат заедно да се појават пред медиумите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мото ГП: Пол позицијата во Барселона за Еспаргаро

Следно

Маричиќ: Вандалскиот чин во Битола е напад на односите кои ги градиме и дијалогот што го водиме со Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian