Погба на маса има понуди од три екипи

1 min read

Пол Погба и официјално по вторпат во кариерата го напушти Манчестер Јунајтед и веќе доби три понуди од заинтересирани екипи.

Најголем интерес за Погба пројавува екипата на Јувентус која му нуди годишна плата од 7,5 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Погба во минатото го носеше дресот на Јувентус и тоа од 2012 до 2016 година и на 124 наптревари постигна 28 голови, а згора на тоа освои и четири шампионски титули во Серија А.

Освен од италијанскиот тим, понуди испратија и Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, а наскоро се очекува Погба да открие каде ќе ја продолжи кариерата.

Неговата одлука ќе биде донесена по фудбалски мотиви, а помала улога ќе имаат финансиите.

Тој моментно се наоѓа на одмор, а не беше повикан од селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешан, на првите четири кола во Лигата на нации.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јотова: Палењето на Центарот за култура во Битола е уште една провокација

Следно

ФОТО | ЕУ воведе санкции и за најбогатата Србинка: Што сѐ поседува нејзиниот сопруг Андреј Мељниченко?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian