Петков: Палењето на Културниот центар „Иван Михајлов“ е обид за провокација и дестабилизација на нашите односи

1 min read

Бугарскиот премиер Кирил Петков најостро го осуди палењето на влезот на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

Тој му се заблагодари на премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски за брзиот одговор и нагласи дека очекува од македонските надлежни служби да ги бара и казни сторителите на овој, како што го нарече, вандалски чин.

„Најостро го осудувам палењето на Културниот центар ‘Иван Михаилов’ во Битола кој е обид за провоцирање и дестабилизација на односите со нашите соседи“, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во врска со палењето на Центарот за култура во Битола.

Според Петков, бугарската Влада ќе продолжи да работи на заштита на правата на бугарската заедница во Северна Македонија и на поддршката на нејзините активности.

Иднината на регионот, дополни Петков, не треба да биде заложник на обидите за дестабилизација на злонамерните маргинални групи.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вајперс ќе ја брани титулата во ЛШ против Ѓер

Следно

Бајрам Бегај е нов претседател на Албанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian