ОН ја осуди интервенцијата против демонстрантите во Судан

1 min read

Експертот на Обединети нации за човекови права во Судан, Адам Деинг денеска ја осуди интервенцијата против продемократските демонстранти.

Тој повика на ослободување на сите лица притворени за време на вонредната состојба и да прекине употребата на прекумерна сила и апсење на демонстрантите кои се против пучот.

На 29 мај во Судан беше укината вонредната состојба, што беше воведена на 25 октомври 2021 година откако армијата ја презеде власта.

Судан по воениот удар е политички блокиран и речиси секојдневно се одржуваат протести. Властите употребуваат боева муниција и солзавец врз демонстрантите, а за да спречат протести го исклучуваат интернетот и мобилниот сигнал.

Припадниците на суданските безбедносни сили ги обвинуваат и за сексуално насилство врз жените кои учествуваат во демонстрациите.

Според Обединети нации во протестите во Судан досега убиени се најмалку 99 луѓе.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Маричиќ: Вандалскиот чин во Битола е напад на односите кои ги градиме и дијалогот што го водиме со Бугарија

Следно

Бесплатен и добротворен настан за подигнување на свест за рак на кожа-Еуромеланома

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian