Одбојкарската репрезентација на Македонија го доживеа третиот пораз по ред во Европската сребрена лига откако вечерва загубија од Албанија со 3:1 во сетови и тоа со 25:20,20:25,25:16,25:22.
Ова е втор пораз по ред од селекцијата на Албанија со што шансите за македонската репрезентација сега се минимални за да се освои второто место во групата кое носи пласман на завршниот турнир.
Со новиот пораз, трет во четирите натпревари, остана на третото место на табелата со четири освоени бодови.