Нов летен расад ги разубавува цветните леи и фигури низ градот

1 min read

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве интензивно работат на терен и ги подготвуваат површините за садење летен расад на цвеќиња, како и на замена на пролетниот со летен цветен расад.

Екипите ги разубавуваат леите и цветните фигури со садење цветен расад од видовите: тагетес, агератум, бегонија, целозија, колеус, цинија, цинерарија, салвија, пеларгониум и далија. 

Наведените видови на цвеќе се од сопственото производството, односно од производните капацитети на претпријатието, информираа надлежните. 

Сезонски цветен расад екипите садеа во реоните Капиштец, Центар и во Автокоманда. Поради високите температури интензивно се наводнува зеленилото, а онаму каде што нема поставено систем за наводнување се носи вода со цистерни. 

Екипите на ЈП Паркови и зеленило со цистерна го наводнуваа зеленилото во реонот Бутел и во Градски парк. 

Секторот дрвореди по барање на ЈСП за кастрење на гранки кои  пречат на двокатните автобуси, извршија кастрење  на 47 гранки на дрвја  на булевар Кузман Јосифовски Питу, на потегот од Веро Џамбо до Железничката станица и од Железничката станица до трговскиот центар Бисер, информираа од ЈП „Паркови и зеленило“. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Мицкоски ги повика граѓаните на протест

Следно

Јотова: Палењето на Центарот за култура во Битола е уште една провокација

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian