Ништо ново во женската ракометна ЛШ, Ѓер прв финалист

1 min read

Ракометарките на Ѓер обезбеди пласман во финалето за завршниот турнир во женската Лига на шампиони што се игра во Будимпешта откако во полуфиналето со 32:27 ја совладаа екипата на Есбјерг.

Првото полувреме помина во израмнета игра, а тоа најдобро го отсликува и резултатот со кој се замина на одмор, 15:15.

Во второто полувреме, ракометарките на Ѓер заиграа далеку подобро во одбраната, а на голот се разбрани и поранешната вардарка, Амандин Лејно и во финишот дојдоа до предност од пет гола (28:23) по што рутински го приведоа натпреварот до крајот.

Најефикасни во редовите на Ѓер беа Стине Офтендал со пет, Лин Блом и Река Фодор со по четири гола, додека во редовите на Есјбјер, Ела Реистад даде осум, а Кристине Бреистал и вилде Ингстад дадоа по пет гола.
Во второто полуфинале од 18 часот ќе играат Мец и Кристијансанд.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Калин: Самитот на НАТО во Мадрид не е краен рок за одлука за кандидатурите на Шведска и на Финска

Следно

Горан Мисовски избран за претседател на НСДП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian