Рафаел Надал утре ќе се обиде да дојде до 14 гренд слем титула на Ролан Гарос и на патот до нова титула во Париз му стои Каспер Руд кој во второто полуфинале го совлада Марин Чилиќ во четири сета.
Надал на Ролан Гарос според шпански новинари игра со големи болки, а за да може да настапи во Париз, направи ризичен лекарски третман со кој му била „анестезирана ногата“.
– Рафа има целосно „анестезирана нога“ поради ризичниот лекарски третман кој го направи само за да може да игра во Париз. Има големи болки во стапалото, а една коска има некроза и практично „умира“ – вели новинарот Анхел Гарсија.
Надал по пласманот во финалето откако Александер Зверев поради повреда мораше да го предаде мечот во полуфиналето, изјави дека повеќе би сакал да има ново стапало отколку да освои нова титула.
– Повеќе би сакал да загубам во финалето, а да добијам ново стапало. Би бил посреќен со нов стапало. Убаво е да се победува, но животот е многу поважен од било каква титула, посебно по се што постигнав во кариерата – изјави Надал.
Каспер Руд е првиот Норвежанец што ќе игра во едно грен слем финале, и не планира да запре таму туку најавува и триумф над Надал.
– Да се игра во финалето на Ролан Гарос против Рафаел Надал веројатно е најголемиот можен предизвик во тенисот. Рафа има скор 13:0 во финалињата на Ролан Гарос, а јас ќе се обидам да го направам тоа што никому не му успеало 13 пати. Иако звучи како неверојатна мисија, утре ќе излезам на теренот и ќе уживам, но во исто време верувам дека можам да го победам – вели Руд.
Надал по Ролан Гарос ја завршува кариерата, му „умира“ коската во стапалото?!