Мото ГП: Пол позицијата во Барселона за Еспаргаро

1 min read

Возачот на Априлија, Алеш Еспаргаро ја освои пол позицијата во квалификациите за утрешната трка за Големата награда на Каталонија што ќе се вози во Барселона.

Шпанецот најбрзиот круг во возбудливите квалификации го извозе за 1:38.742 минута што беше за 31 илјадитинка побрзо од Франческо Бањаја од Дукати.

Од првиот стартен ред ќе стартува и актуелниот шампион во Мото ГП, Фабио Квартараро од Јамаха кој беше третопласиран во квалификациите со време од 1:38.959.

Од четвртото до десеттото место се пласираа Жоан Зарко, Фабио ди Џанантонио, Хорхе Мартин, Алекс Ринс, Маверик Вињалес и Лука Марини. Стартот на трката за ГН на Каталонија ќе биде утре од 14 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Работна сабота за Костовски: Еве каде сѐ се работи во Бутел

Следно

„Протокол си е протокол“: Принцот Хари и Меган успешно ги „избегнаа“ принцот Вилијам и Кејт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian