Лига на нации: Унгарија го прекина шестдеценискиот пост и конечно ја победи Англија

1 min read

Фудбалската репрезентација на Унгарија славеше со 1:0 над Англија во првиот натпревар од групата 3 во дивизијата А во Лигата на нации.

Со оваа победа, Унгарија го прекина шестдеценискиот пост и конечно ја победи Ангија. Последен пат Унгарците славеле над „Гордиот Албион“ во 1962 година.
Стрелец на единствениот гол беше Доминик Собослаи во 66 минута од пенал.

Изненадување се случи и во дивизијата Б каде Ерменија со 1:0 ја совлада Република Ирска благодарение на голот на Спетсијан во 74 минута.

Селекцијата на БиХ со гол во 93 минута од натпреварот се спаси од пораз на гостувањето кај Финска играјќи 1:1. Голот за Бисанците го постигна Превљак на асистенција на Џеко. Претходно Финска поведе во 45 минута преку Тему Пуки.

Резултати:
Дивизија А
Унгарија – Англија 1:0

Дивизија Б
Ерменија – Република Ирска 1:0
Финска – БиХ 1:1

Дивизија Ц
Литванија – Луксембург 0:2

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајрам Бегај е нов претседател на Албанија

Следно

ВИДЕО | Тајниот напиток на Селма Хајек: Рецепт за блескава кожа и добро здравј

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian