Кина испраќа тројца астронаути на недовршената вселенска станица

1 min read

Вселенското летало Шенжу-14 утре ќе биде лансирано од центарот за лансирање сателити Џиукван, во северозападната провинција Гансу, најави Кинеската вселенска агенција.

Леталото Шенжу, што на кинески значи „божествен брод“ ќе одведе тројца кинески астронаути на недовршената вселенска станица. Тие таму ќе престојуваат шест месеци.

Шенжу-14 ќе биде трета од четирите мисии со екипаж и седма од вкупно 11 мисии потребни за да се доврши вселенската станица до крајот на годината.

Кина почна да ја гради својата вселенска станица во април 2021 година со лансирањето на Тианхе – првиот и најголемиот од трите модули на станицата. Во Тианхе, малку поголем од автобусот, ќе има живеалишта за астронаутите по завршувањето на вселенската станица во форма на буквата Т. Преостанатите два модула, лабораториските кабини Вентиан и Менгтиан, ќе бидат лансирани во јули и во октомври.

Екипажот на Шенжу-14 ќе помогне да се постават модулите Вентиан и Менгтиан и да се испита нивната функционалност.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Пендаровски: Пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици

Следно

Работна сабота за Костовски: Еве каде сѐ се работи во Бутел

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian