Камерон Дијаз откри како се справува со новата улога: Веќе поинаку гледам на стареењето

2 mins read

Во подкастот на Гвинет Палтроу, Камерон Дијаз зборуваше за мајчинството, улогата на родител и стареењето. Таа отворено проговори за тоа како се снашла со новата улога на прагот од 50-тите и зошто сака да доживее длабока старост.

Откако стана мајка пред две години, актерката Камерон Дијаз многу се промени. Нејзиното секојдневие не е исто, а на стареењето не гледа на ист начин како порано. 49-годишната актерка сега тврди дека сака да доживее длабока старост за да поминува што повеќе време со својата ќерка.

Во новото шоу на нејзината колешка Гвинет Палтроу, таа откри дека се надева дека ќе доживее 110 години.

„Целиот концепт на стареење за мене целосно се промени во последните десет години, особено откако ја добив Редикс“, рече Дијаз, која се повлече од светот на актерството во 2014 година.

Таа со сопругот Бени Маден доби ќерка со помош на сурогат мајка и оттогаш не крие дека тоа е исполнување на сите нејзини соништа.

„Отворена сум за сè што ме очекува и многу сум возбудена. Мислам дека имам уште 50-60 години. Сакам да доживеам 110 години затоа што имам толку мало дете“, изјави Дијаз. „Мислам дека најубавите моменти со родителите ги доживуваш кога имаш 40 години. Дури тогаш навистина ги цените и сфаќате што ви овозможиле. Затоа би сакала да бидам покрај неа кога ќерка ми ќе има 40-тина години“, додаде таа.

EPA EFE
Фото: EPA/PETER FOLEY

Потоа откри дека добрата генетика може да ѝ го овозможи тоа бидејќи нејзиното семејство е познато по долг живот.

„Мојата баба трчаше по полињата во Сан Фернандо со храна за кокошките и зајаците на 72-годишна возраст. Мислам дека наследив нешто од неа. Исто така, мислам дека начинот на кој живеете, како се грижите за вашето тело е исклучително важен“, заклучи таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бензема нема да се жали на пресудата со која е осуден за уцена на колега од репрезентацијата

Следно

Во Калифорнија се урна воен авион на американската морнарица, загина пилотот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian