Грковска: ИТ кадрите мора да ги задржиме во државната администрација, без нив нема напредок

1 min read

„ИТ кадрите не може и не смее да бидат третирани како администрација, затоа што тие тоа не се. На овие кадри мора да им понудиме соодветни услови за да останат во системот, бидејќи без нив не е возможен напредок. Работиме на неколку модели коишто би требало да бидат решение за ИТ кадрите во државната администрација”, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на денешното гостување во емисијата „Стадион”, на Радио Канал 77.

Таа оцени дека анализите што се направени преку ИТК Работната група се поразителни и покажуваат дека во државната администрација недостасуваат стручни лица во оваа област, а без нив нема напредок.

Таа нагласи дека процесот за дигитална трансформација на општеството мора да се работи системски, за предуслов за тоа е воспоставување на електронска лична карта која обезбедува електронска идентификација и електронски потпис, а услугите можат да се користат со еден акаунт.

„Многу е важно во овој процес да бидеме внимателни, како држава не смееме да имаме повеќе парцијални решенија. Како држава ние уште во 2006 година се определивме за дигитална трансформација на општеството и тоа е наведено во ИКТ Стратегијата, која беше изгласана во Собранието”, нагласи Грковска.

Таа додаде дека неминовно ќе дојде момент кога секоја институција ќе има електронски печат. Тоа во целиот процес на дигитална трансформација на општеството ќе биде синхронизирано. Институциите и сега може да имаат електронски печат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Надал го цени здравјето повеќе од титулата, Руд најавува сензација на Ролан Гарос

Следно

Дали во Карпош ќе никне нова 28-катница?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian