ФОТО+ВИДЕО | Кој е новиот најдобар пријател на Џони Деп, кој го спаси од „пропаѓање“?

3 mins read

Џони Деп ја изненади јавноста кога се појави две вечери по ред на концертот на Џеф Бек и покрај правната битка против Амбер Херд која во тоа време беше во тек. Славниот актер прво се качи на сцената на концертот на Бек во Шефилд, Велика Британија, а еден ден подоцна повторно свиреше со него во лондонската „Ројал Алберт Хол“.

Во Шефилд ја изведоа „Isolation“ на Џон Ленон, која претходно заедно ја објавија во 2020 година, а во лондонската „Ројал Алберт Хол“ изведоа вкупно седум песни, меѓу кои „Little Wing“ на Џими Хендрикс, „What’s Going On“ на Марвин Геј и „A Day in the Life“ на „Битлси“.

Но, кој е Џеф Бек, музички виртуоз и најнов пријател на Џони меѓу голем број познати музичари со кои актерот поминува време?

Џеф Бек е познат гитарист кој некогаш бил дел од легендарниот англиски рок бенд „Јардбердс“ (Yardbirds). Бендот го напуштил по неколку години и ја формирал „Џеф Бек група“ во 1967 година, но тие исто така набрзо се распаднале. Со текот на годините, како што наведува „Ол мјузик“, Бек често се повлекувал во приватноста, па се враќал „под рефлекторите“ и издавал албуми, соработувал со различни уметници, а еден од неговите многубројни проекти бил и со актерот Џони Деп.

Фото: Flickr

Џеф Бек и Џони Деп го издале синглот „Isolation“ во 2020 година, кој е преработка на песната на Џон Ленон од 1970 година од неговиот прв соло албум. Според „Ролинг стоун“, Бек и Деп соработувале неколку години пред да биде објавен синглот. Според Бек, Деп сметал дека е соодветно да ја објават песната среде изолацијата поради пандемијата на коронавирусот. Објавено е и официјален видеоспот од песната, кое ги прикажани додека песната ја изведуваат во живо.

Фото: Твитер/Принтскрин

„Дејли мејл“ објави во 2021 година дека Деп поминувал многу време со Бек во неговото студио во Сасекс. Тие работеле заедно на песните, а тоа бил и начин Деп да се оддалечи од Холивуд и контроверзите околу неговиот развод со Амбер Херд и нејзините обвинувања против него. Според извештајот на споменатиот портал, Бек му бил голема поддршка на Деп во тешките моменти од неговиот живот, а нивната заедничка работа му овозможила на актерот да се фокусира на љубовта кон музиката.

Џони Деп ја прослави пресудата во друштво на Сем Фендер и Џеф Бек на тераса од еден паб скриен зад очила за сонце и капа. Бил расположен, се ракувал со фановите и дозволил да го снимаат, па дури и накратко се подружил со насобраните, далеку од судницата во Ферфакс, Вирџинија.

ВИДЕО | Џони Деп ја замени судницата со сцена: Отсвири неколку песни со Џеф Бек додека чека пресуда

Џони Деп со обелен образ: Поротата донесе пресуда на судењето со Амбер Херд

ВИДЕО | Џони Деп ја замени судницата со сцена: Отсвири неколку песни со Џеф Бек додека чека пресуда

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Федерер за прв пат по 23 години нема да игра на Вимблдон

Следно

Мицкоски ги повика граѓаните на протест

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian