ФОТО | Мицкоски по средбата со Генчовска: Да се тргне ветото и да престанат условувањата кон Македонија

1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева, оствари средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба и предизвиците на Северна Македонија во процесот на европската интеграција. Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја истакнал загриженоста за европската интеграција на државата и побарал да се отворат преговорите без условувања.

Христијан Мицкоски и Теодора Генчовска
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

„Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој е резултат на преговори во кој не учествува најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и преговори кои се на штета на македонскиот народ и неговиот идентитет“, велат од опозициската партија.

Исто така, Мицкоски порачал Бугарија да го тргне ветото без одложување и пристапните преговори да започнат што поскоро низ призма на европските вредности и критериуми.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Тајниот напиток на Селма Хајек: Рецепт за блескава кожа и добро здравј

Следно

Одбојкарите повторно поразени од Албанија во Европската сребрена лига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian