ФОТО | „Кул фризура“: Лав од зоолошка градина во Кина стана хит на социјалните мрежи

1 min read

Еден лав од зоолошка градина во Кина во последните денови стана хит на социјалните мрежи поради неговата необична фризура.ки

Изгледа како да има шишки, па многумина мислеа дека некој му ја скратил косата. Многумина дури се налутија затоа што некој во зоолошката градина направил такво нешто.

По бројните коментари на социјалните мрежи, се огласија од зоолошката градина во Гуангжу, негирајќи ги гласините. Како што велат никој не ја допрел неговата грива и дека најверојатен виновник е „високата влажност“.

„Во зоолошката градина нема фризерска програма, а не се осмелуваме да му ја скратиме косата на лавот. Може да се каже дека тој сам си ја „смислил“ фризурата“, изјавил вработен во зоолошката градина, пренесува „Global Times“.

Фотографиите од лавот ги сподели посетител на зоолошката градина и набрзо се проширија на социјалните мрежи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Одбојкарите повторно поразени од Албанија во Европската сребрена лига

Следно

Можно е папата Франциск да ја посети Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian