Фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас очекува фудбалската репрезентација на Македонија утре да ја запише првата победа во новото издание во Лигата на нации.
По ремито од 1:1 во Разград против Бугарија во првото коло, „црвено-жолтите“ утре играат на гости против Гибралтар. Освен победа, Елмас очекува да се поправи и реализацијата во однос на првиот натпревар против Бугарија кога избраниците на селекторот Благоја Милевски доминираа во текот на сите 90 минути, но постигнаа само еден гол.
– Ние и на првото гостување тука, тешко дојдовме до победата, така што и сега нема да ни биде лесно. Гибралтар игра добро, но дојдовме да победиме и за тоа ќе мора да одиграме максимално, не смее да експериментираме. Треба да одиграме како што треба и да ги освоиме трите бода. Против Бугарија ни недостигаше реализација, промашивме низа шанси и сега таа реализација треба да ни биде на ниво. И не само утре, туку и на следните два натпревари – рече Елмас.
Натпреварот што ќе се игра на вештачка трева на стадионот „Викторија.
– Вештачката трева е мал проблем, но како и да е мора да играме и да победиме. Мора да дадеме 100 отсто иако се чувствуваше мал замор кај сите кога се собравме. Сепак, на нас е да дадеме максимум, а мислам дека утре ќе одиграме далеку подобро.