На просторот помеѓу бензинската пумпа на Макпетрол и болницата „Филип втори“ предвидено е да се изгради 28-катница. Во дел од медиумите неофицијално беше објавено дека позади овој проект стои компанијата „Гранит“ и познатиот бизнисмен Александар Ивановски – Теранова. На оваа идеја се спротивставија советници во општината Карпош од редовите на ВМРО ДПМНЕ, но и градоначалникот Стевче Јакимовски.
Роберт Вељановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на општина Карпош, денеска кажа дека побарале бришење на маркици за изградба на висококатница.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Карпош со крајна загриженост ја прими изјавата на градоначалникот на општина Карпош, г-динот Стевчо Јакимовски за можна изградба на 28-катница на територијата на општина Карпош.
Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски не ја разбира вознемиреноста на советничката група на ВМРО ДПМНЕ која денеска преку прес-конференција побара укинување на маркица за градење на 28-катница, зад бензинската во близина на болницата „Букурешт“.
Имено, јас уште синоќа јавно кажав дека таква висококатница нема да се гради и дека никогаш нема да ставам потпис на таков објект. Се прашувам на што се должи паниката кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ да ми се обраќаат преку медиуми, а не директно како и до сега? Дали го препознаа нивниот лидер во мојата изјава, или станува збор за некои други причини во кои има скриени бизнис интереси? За да ги смирам советниците, но и јавноста, уште еднаш јавно сакам да потврдамдека на посочената локација нема да се гради таков објект во таков габарит и тоа е мој став кој немам намера да го менувам, стои во соопштението од Јакимовски.