Бесплатен и добротворен настан за подигнување на свест за рак на кожа-Еуромеланома

2 mins read

Утре со почеток од 10 часот во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи бесплатен и добротворен настан за подигнување на свест за рак на кожа-Еуромеланома. 

Euromelanoma е кампања на европско ниво, кон која се приклучуваат многу држави, сѐ со цел да се подигне свеста за превенција и ран третман на рак на кожата, а оваа година официјален нарачател, коодринатор и организатор на настанот е д-р спец. Зорица Зафировиќ од Универзитетска Клиника Мајка Тереза.

Настанот, освен што е од информативен и едукативен карактер, истиот ќе има и забавен аспект за да дополнително се мотивираат посетителите да се придружат кон кампањата сè со цел максимално да се подигне свеста за меланом, ризиците, превенцијата, дијагностика и третмани.

Поддржувачите на настанот се фармацевтски компании, козметички брендови, аптеки и ординации и истите ќе имаат свои пултови на кои ќе биде изложен нивниот промотивен материјал.

Посетителите при посета на секој пулт, ќе имаат можност да добијат бесплатни совети, едукативни информации, како и примероци од производите кои тие ги нудат за заштита од рак на кожата.

Што да очекувате?

  •  Подигнување на свеста за опасностите од зголеменото изложување на сонце во текот на животот
  •  Бесплатни совети и прегледи на промени сомнителни за рак на кожа од дерматолози

На настанот посетителите ќе имаат можност да добијат краток, консултативен бесплатен преглед од страна на специјализиран дерматолог, на видливите и лесно достапни места на кожата каде што забележале сомнителни промени, кој ќе  даде и совети околу следните чекори кои треба да ги превземат

  • Присуство на истакнати гости и личности од јавниот живот кои ќе учествуваат на настанот со преглед на својата кожа
  • Присуство на покровителите на кампањата со промотивни штандови со информативно-едукативен материјал и подароци за сите присутни, на кои ќе можат да се информираат многу повеќе за превенцијата и рана детекција на ракот на кожата, како и за нивните достапни производи и третмани за истите
  • Дружба, забава за најмладите и едукација за сите!

skopjeinfo.mk

Претходно

ОН ја осуди интервенцијата против демонстрантите во Судан

Следно

„Баскетчиите“ ги започнуваат квалификациите за ЕП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian