„Баскетчиите“ ги започнуваат квалификациите за ЕП

1 min read

Машката сениорска селекција на Македонија во „три на три“ во состав: Христијан Ристов, Марко Дујковиќ, Благој Димитриев и Ервин Цого вечерва ќе ги започне натпреварите од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Нашата „четворка“ ќе одигра два натпревари во квалификациите и тоа против Црна Гора (17:10 часот) и Полска (19:00 часот).

– Дојдовме овде да го дадеме најдоброто од нас. Ја имаме најтешката група. Но кога се игра во дресот на националниот тим, секој натпррвар си има своја тежина. Не е лесно, но сепак, задоволството е големо. Црна Гора и Полска се фаворити за пласман на ЕП. Добро се знаеме со селекцијата на Црна Гора, и тие знаат против кого ќе играат, а кога играш против нас е можно се. Никогаш не зависиме од играта на другите, секогаш зависиме од самите нас. Морам да потенцирам една друга работа. Раководството на КФСМ застана целосно зад овој проект. Имавме двонеделни подготовки во изминатиот период, застанаа зад секоја наша желба поврзана со подготовките и настапот во Констанца. Благодарни сме поради тоа. Навистина имавме сериозни подготовки, се залагавме максимално на секој тренинг, се со цел да го направиме тоа што сите силно го посакуваме, пласман на Европското првенство – вели најдобриот македонски „баскетчија“ за 2021 година, Ервин Цого.

Во зависност од исходот на овие два натпревари, ќе биде познат и понатамошниот „календар“ за нашиот национален баскет тим, односно место во нокаут-фазата која е закажана за 5.јуни (недела).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бесплатен и добротворен настан за подигнување на свест за рак на кожа-Еуромеланома

Следно

Кој открил како циркулира крвта во нашите тела?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian