Баскет репрезентацијата на Македонија со два порази го заврши настапот во квалификациите за ЕП

1 min read

Машката селекција на Македонија во „три на три“ запиша уште еден пораз на првиот ден од натпреварите во групата „А“ од квалификациите за Европското првенство во „три на три“.

По поразот во премиерниот меч од Црна Гора(19:21), буквално на нецели шест екунди пред крајот, нашите репрезентативци загубија на скоро идентичен начин и на вториот квалификациски натпревар.

Полска прва стигна до максималните 21. поен, ние застанавме на 18, и се збогувавме со шансите за пласман во наредната квалификациска рунда.

Претходно, баскет репрезентацијата на Македонија загуби од Црна Гора со 21:19.
До победата, Црногорците стигнаа во драматичниот финиш во кој на 5.4 секунди пред крајот на натпреварот кога погодија едно од двете слободни фрлања.

Токму селекциите на Црна Гора и на Полска, во меѓусебен дуел ќе одлучат кој ќе го освои првото место од оваа квалификациска група која се игра во романската Констанца.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Како славните писатели ги избрале своите псевдоними и кои биле нивните причини за тоа

Следно

Дневен хороскоп за 5 јуни: Некој ве убедува да донесете важна одлука

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian