Баерн ја одреди сумата што треба Барселона да ја плати за Левандовски

1 min read

Германскиот шампион Баерн Минхен конечно се помири со податокот дека ова лето ќе остане без својот најдобар играч и стрелец, Роберт Левандовски и ја одреди сумата која заинтересираните екипи ќе треба да ја платат за него.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека отштетата која Баерн ќе ја бара за Левандовски изнесува 40 милиони евра. Најзаинтересирана екипа за полскиот репрезентативец е Барселона за која медиумите шпекулираат дека веќе ги договорие личните услови со фудбалерот и потребно е само да се договори со Баерн Минхен за да се реализира трансферот.

Баерн Минхен во последните неколку недели се обидуваше да ги убеди и Левандовски и Барселона дека нема намера да се откаже од својот најдобар ирач кој пак ги одби сите понуди за потпишување на нов договор. Левандовски на собирот на полската репрезентација пред настапот во Лигата на нации, изјави дека не се враќа во Баерн, и сака нов предизвик во кариерата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец тешко повреден на работното место

Следно

Што сè може да се најде во клима-уредите: Ако не ги чистите редовно, ќе си го загрозите здравјето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian