Во недела филмот „Стела“ во градски парк под отворено небо

1 min read

Како дел од настанот кој оваа недела ЈП ЛАЈКА во соработка со ЗОО Скопје го организира во Градскиот парк на Школка, ќе се прикажува македонскиот филм “СТЕЛА” на Стојан Вујичиќ.

-Ги покануваме сите граѓани кои имаат миленици, како и оние кои немаат, а се љубители на македонската кинематографија, да ни се придружат во гледање на една интересна филмска приказна каде главен лик е кучето Стела, информираат организаторите. 

Филмската проекција започнува во 20:30часот, а пред почетокот на филмот претставник од филмската продукција на овој филм заедно со ѕвездата на овој филм, кучето Стела ќе го најават прикажувањето на истиот.

Граѓаните кои ќе дојдат да го проследат филмот “Стела” потребно е да си земат платнена престилка или ќебенце со себе 

skopjeinfo.mk

Претходно

Лидерот на Северна Кореја и го честиташе платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора

Следно

Љуљзим Баша ќе формира нова партија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian