ВИДЕО: Зверев во болки го предаде мечот, Надал во финалето на „Ролан Гарос“

2 mins read

Првото полуфинале на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз не го доживеа својот крај поради страшната повреда на Александер Зверев.

Првиот сет (7:6) го доби Рафаел Надал во тај-брејкот (10:8), а и вториот (6:6) требаше да заврши на ист начин, но германскиот тенисер доживеа болен пад и не можеше сам да стане, па беше однесен во инвалидска количка од местото каде што падна.

Додека Зверев се држеше за зглобот, Шпанецот Надал му пријде од другата страна на теренот и остана во шок, како и сите на стадионот. Рафа го праша судијата што би требало да направи сега, но тој повеќе не мораше да прави ништо, бидејќи беше очигледно дека Германецот не може да продолжи.

Така Надал по две години се врати во финалето на Ролан Гарос, а таму ривал ќе му биде победникот од дуелот Марин Чилиќ (Хрватска) – Каспер Руд (Норвешка).

– Ова е многу тешко и многу тажно за него, искрено. Тој одигра неверојатен турнир. Да го гледам како плаче…многу е тешко. Му посакувам сè најдобро – рече Надал по мечот.

Зверев која втора година по ред се најде во полуфиналето на „Ролан Гарос“, имаше уште еден одличен турнир. Како трет носител до полуфиналниот меч успеа да ги елиминира Офнер, Баез, Накашима, Запата Миралес и Алкараз.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косово: Запленети 800 килограми тутун шверцуван од Македонија

Следно

Меган и Хари на ручек кај кралицата, конечно ја запознала малата Лилибет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian