ВИДЕО: „Вози право, вози здраво“ во недела по шести пат

2 mins read

Во недела, по шести пат, ќе се одржи спортската манифестација „Вози право, вози здраво“. Стартот на трката ќе биде пред Порта Македонија, а целта во Градски парк кај фонтаната. Организатор на трката е Стопанска Банка.

– Уште од самиот почеток во 2015 година кога за првпат беше организирана оваа спортска манифестација наиде на голем интерес кај граѓаните, но оваа година интересот е исклучително голем, а причината ја гледаме во двегодишната пауза поради пандемијата. До вчера за оваа манифестација беа пријавени 6.000 учесници, што остава простор да се надеваме дека ќе го надминеме рекордот од 2019 година кога на ревијалната трка учествуваа 7.800 учесници. Рокот за пријавување е до утре до кога може да се подигнат и маиците заедно со стартните броеви на учесниците, информира Милена Петковска од Стопанска банка.

На трката ќе се возат велосипеди, детски велосипеди, ролери, тротинети, а може да учествуваат и бебешки колички.

– Сите кои ќе бидат дел од трката ќе имаат можност да бидат дел од богата лотарија. На целта ќе има богата програма со баскери, диџеј и сладолед и сокови за освежување. За најсреќните ќе има 10 SPECIALIZED велосипеди, 10 Apple часовници, како и 20 JBL Clip 4 звучници заедно со торби за велосипед. „Вози право, вози здраво“ е ревијален настан со кој се промовираат здравите животни навики и користењето еколошки транспортни средства со кои ја чуваме животната средина, како и забавата за сите генерации, семејства и пријатели, додава Петковска.

За безбедноста на учесниците ќе се погрижат медицински екипи.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јахтата на Дејвид Боуви се продава за 4,85 милиони евра

Следно

Апсење во Центар, полицијата пронајде дрога

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian