ВИДЕО | Дали кандидатите за уставни судии треба јавно да се претстават пред јавноста – дебата меѓу пратениците Каевски и Милошоски

2 mins read

Во Собранието вчера започна процесот на избор на уставни судии откако цела година Уставниот суд се бори да работи на раб од кворумот. Во Комисијата за изборите и именувањата вчера од деветте кандидати помина еден, Фатмир Скендер, а седницата со расправа за останатте осум кандидати продолжува денес.

-Станува збор за многу важна позиција уставен судија. Ќе беше многу полезно секој од овие девет кандидати да дојде на Комисијата и да слушнеме кои се, какви се, какви се неговите или нејзинитепосзнавања и ставови. Власта го одби ова, а вчера ние изгласавме човек, Фатмир Скендер, кого ретко кој го познава, ја видовме само неговата писмена биографија. Сакавме секој од кандидатите да има 20 минути излагање, а пратениците да можат да му постават прашања. Нејасно е зошто владејачкото мнозинство не се соласи оти тоа нема да ја попречи работата на Комисијата. Изборот треба да биде по американскиот терк со јавно сослушување, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

Пратеникот од СДСМ Дарко Каевски за Утрински брифинг вели дека собранискиот Деловник треба да се доуреди оти ваков каков што е на опозицијата ѝ овозможува да ја блокира работата на Собранието.

-Јас лично сум за тоа да се разговара за уредување на Деловникот со цел да се подобри работата на Собранието. Сега избор на уставни судии се врши на истиот начин на кој се вршел пред девет години и не ледам зошто опозицијата има проблем со тоа. Постои простор и можност, постои добра волја од пратениците на СДСМ за подобрување на сегменти од деловникот во рамките на процесот „Жан Моне“. Мене ова ми личи на обид на колегите од опозицијата за одолговлекување на процесот „Жан Моне“, вели Каевски.

Милошовски дематира дека опозицијата има план да одолговлекува и затоа предлогот бил секој кандидат да има само 20 минути за претставување. Причината за овој предлог на опозицијата е затоа што се смета дека Уставниот суд е клучна институција за заштита на граѓанските права. Освен тоа, потенцира Милошоски, работата на Собранието е јавна и нема пречка јавноста да биде запознаена со работата на Комисијата и кандидатите за уставни судии.

Проследете ја целата дебата меѓу двајцата пратеници во видеото

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интервју со Андреј Ал-Асади, поет: Поезија треба да се пишува за да се вардиме од заборав

Следно

Украина нема намера да користи американско оружје за напад врз Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian