Ѕвездата на Тотенхем Ројал цел на вооружен грабеж, биле испукани 29 куршуми

1 min read

Десниот бек на Бразил и Тотенхем, Емерсон Ројал, преживеа вооружен грабеж во неговиот роден град Американа, во државата Сао Паоло.

Фудбалерот на Тотенхем излегувал од ноќниот клуб по што би бил препознаен од полицаец, кој му побарал заедничка фотографија.

По разговорот, Емерсон се упатил кон автомобилот, но таму му пришол разбојник кој на Бразилецот му украл часовник и синџир и барал други вредни предмети со вперен пиштол во него.

Тоа го забележал полицаецот кој веднаш истрчал кон паркингот да го одбрани Емерсон.

– Кога крадецот сфати дека човекот е полицаец, почна големо пукање, почнавме да бегаме и се чини дека Ројал ме повлече да ми помогне. Не се сеќавам добро, сè се случи многу брзо и адреналинот беше многу висок – рече агентот на фудбалерот Емерсон Зула, а во тепачката беа испукани дури 29 куршуми.

Емерсон минатото лето премина од Барселона во Тотенхем во трансфер вреден 25 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петровска: Европската интеграција на Северна Македонија не треба да се одлага

Следно

Димовски: Мицкоски да ги повика градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да им ги зголемат платите на вработените

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian