Уапсен косовски Србин осомничен за воени злосторства во 1998-99 година

1 min read

Полицијата на Косово соопшти дека уапсила лице од српска националност, осомничено за воени злосторства врз цивилното население извршени во војната во 1998-99 година.

Во 24-часовниот извештај на полицијата се вели дека осомничениот, со иницијали Ч. Ј., е уапсен вчера во селото Ѓураковац во општина Исток.

– По извршени истражни дејствија од страна на Единицата за истражување на воените злосторства, идентификувано е и уапсено машко лице од српска националност поради воени злосторства извршени врз цивилното население на Косово во периодот од 1998 до 1999 година. Со одлука на обвинител му е одреден притвор, се вели во соопштението на полицијата.

Главниот обвинител на Специјалното обвинителство на Косово, Блерим Исуфај изјави за „Коха.нет” дека се работи за лице од Исток, родено 1968 година.

Според Исуфај, лицето се сомничи за извршени злосторства во околината на градот Пеќ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Градски паркинг“ со санкции за 125 непрописно паркирани возила на јавни површини

Следно

Поранешниот „бомбардер“ на Вардар потпиша за ППД Загреб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian