„Туркије”: Турција се подготвува да преземе контрола врз 600 километри од границата со Сирија и да ослободи 470 населени места

2 mins read

Предвидената прекугранична операција на турската армија во северна Сирија ќе и овозможи на Турција да контролира 600 километри од границата, со што ќе ги минимизира терористичките закани пд регионот, објави денеска весникот „Туркије”.

Повикувајќи се на воени и дипломатски извори, весникот пишува дека воената операција ќе се спроведува на територија во длабочина до 45 километри во сириска територија, при што ќе бидат „ослободени” 470 населени места во Сирија.

Преземањето на контрола врз регионите Тел Рифат и Манбиџ ќе и овозможи на Турција да создаде 35-километарски безбедносен појас, со што ќе се реализира стратешкатата цел поставена од претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Говорејќи пред Парламентот минатата среда Ердоган рече дека Анкара започнува нова воена операција на соседната територија и дека прво ќе ги „исчисти” од терористи областите Тел Рифат и Манбиџ. Тој ја опиша главната цел на операцијата како проширување на безбедносната зона од 30 километри, формирана во октомври 2019 година по операцијата „Извор на мирот”.

За Анкара забранетата Курдска работничка партија (ПКК) е терористичка организација, додека сириски сили за национална самоодбрана (СНА) Турција ги смета за огранок на ПКК.

Според воени извори цитирани од турските медиуми, операцијата во Сирија ќе се спроведува во неколку фази, слично на некои прекугранични воени операции што турската армија ги имаше во северен Ирак. Во операцијата ќе бидат вклучени околу 50 илјади војници, како и борци од сириската вооружена опозиција поддржана од Анкара.

Во операции спроведени претходно во северна Сирија, турската армија воспостави безбедносна зона меѓу градовите Ахаз и Џераблус северно од Алепо, го зазеде Африн и ја презеде контролата врз пограничните области источно од реката Еуфрат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Апсење во Центар, полицијата пронајде дрога

Следно

Марјан Србиноски е новиот спортски директор на кошаркарската федерација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian