Триумф на Илиоски, Ѓорѓиев поразен после пет напорни рунди во Зворник

1 min read

Спектакуларен кик бокс имаше на Арена Фајт Најтс во Зворник (Босна и Херцеговина) во кој пораз на дебито во професионалните води доживеа Димитар Ѓорѓиев од Македонија.

Победа после пет напорни рунди славеше борецот од Босна и Херцеговина, Никола Дробњак со оцени 49-47, 49-47 и 49-46 од тројцата судии.

Дробњак успеа да се закити со титулата ВАКО ПРО шампион на Европа во дисциплината лоу-кик до 81,4 килограми.

Ѓорѓиев имаше феноменална борба, но на крајот мораше да му честита на противникот.

– Пораз после пет напорни рунди…Фала ви на сите што секојдневно бевте до мене!! Појасот ќе си дојде кај нас со реванш! – објави Ѓорѓиев по борбата.

Триумф на овој настан имаше Бобан Илиоски од Македонија кој во дисциплината К-1 до 83,4 кг. уште во првата рунда со технички нокаут го совлада Хрватот Борна Манојловиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Генерал мајор Бајам Бегај кандидат за нов претседател на Албанија

Следно

Дневен хороскоп за 4 јуни: Нема ги потиснувајте вашите чувства и потреби

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian