Техно журка на ДУИ на плоштадот Скендербег во Скопје

1 min read

Вечерва на плоштадот Скендербег со техно журка ДУИ прославува 20 години од основањето на партијата. Голем број млади приврзаници се собраа да го проследат музичкиот избор на партијата како подарок за дводецениското постоење на партијата.

Освен денешниот во Скопје, утре Интегративците организираат сличен концерт – журка на плоштадот во Тетово, а партиите од албанската опозиција повеќе пати јавно ги прашаа да откријат колку чини оваа прослава, па им одговори Ахмети на собирот на жените на партијата претходно.

– Денес роденден слават сите тие кои придонесоа да нема дискриминацијата и да се изгради еднакво општество. Денес роденден слават сите Албанци кои државата ја чувствуваат како своја, а не како кираџии како што беа до 2001 година. Жалам кога ги слушам опозициските партии како ронат „крокодилски солзи” дека сме трошеле многу за роденденот на ДУИ. Денес имаме едно многу толерантно општество, изјави Ахмети и посочи дека иднината на државата е заедно да се водат процесите напред.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кучето што го украде вниманието на парадата по повод платинестиот јубилеј на кралицата во Лондон

Следно

Одлично четврто место за Јанковиќ на Медитеранскиот КОМЕН Куп

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian