ССМ најави генерален штрајк

1 min read

Претседателот на ССМ Дарко Димовски по вчерашната двочасовната средба во Владата на која не бил постигнат договор за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари најави дека денеска ќе биде донесена одлука за генерален штрајк.

Бараме итно зголемување на платите. Ценовните шокови и двоцифрената инфлација ни даваат право да бараме усогласување на платите веднаш, бидејќи веќе не се издржува“, рече Димовски, додавајќи дека денеска ќе заседаваат највисоките тела на ССМ и се очекува да биде донесена одлука за стапување во генерален штрајк.

 

Синдикатот бараше средба со премиерот, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика откако по презентирањето на ребалансот на Буџетот видоа дека не се планирани средства за ова нивно барање како што им било ветено за време на преговорите.

ССМ, на чија иницијатива недела е прогласен за неработен ден, не се согласува ниту со најновите Предлог-законски измени со кои се предлага недела да биде работен ден во туристичките места.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Доктор Елена Арсова, трихолог: Сè поголем број пациенти во 20-тите години се соочуваат со опаѓање на косата

Следно

Лидерот на Северна Кореја и го честиташе платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian