Сите опции за Ѓоковиќ после Ролан Гарос, само еден човек го спасува

2 mins read

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ од Рафаел Надал, а освојувањето на овој Грен слем од страна на Шпанецот нема да биде добра вест за српскиот ас. „Бикот од Мајорка“ не само што би имал два грен слем трофеи, Ноле би паднал дури на четвртата позиција на АТП листата.

Ѓоковиќ има најголеми надежи во Александар Зверев, а доколку Германецот го совлада Шпанецот, Надал не би го престигнал Ѓоковиќ. Но, тоа може да значи дека Зверев ќе има можност да седне на тронот. Тоа секако повеќе би му одговарало на Србинот, не само поради АТП листата, туку и поради тоа што Рафа би имал само една Грен слем титула повеќе.

Секоја друга опција, освен титула на Зверев, го води Данил Медведев на врвот.

Секоја ситуација го турка Новак надолу, само прашање е кој ќе го престигне. Генерално, најлошо решение е четвртото место и убедливо најлошиот излез од ова е освојувањето на Ролан Гарос од Надал.

Во првото полуфинале, како што веќе кажавме играат Надал и Зверев, а во второто се среќаваат Марин Чилиќ и Каспер Руд.

Новак без никаква дилема паѓа од врвот на АТП листата на 13 јуни, бидејќи се бришат минатогодишните бодови од Ролан Гарос, а еве ги сите можни сценарија кога се во прашање исходите на Отвореното првенство на Франција кои дискретно ќе влијаат на АТП листата која ќе излезе на 13 јуни.

А) Надал го победува Зверев и го освојува Ролан Гарос:

1. Медведев

2. Зверев

3. Надал

4. Ѓоковиќ

Б) Надал го победува Зверев и го губи финалето:

1. Медведев

2. Зверев

3. Ѓоковиќ

4. Надал

Ц) Зверев го победува Надал и го освојува Ролан Гарос:

1. Зверев

2. Медведев

3. Ѓоковиќ

4. Надал

Д) Зверев го победува Надал и го губи финалето:

1. Медведев

2. Зверев

3. Ѓоковиќ

4. Надал

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Реконструиран првиот и вториот дел од пешачка патека на Јужен булевар

Следно

Почина легендарниот менаџер за таленти и продуцент Џорџ Шапиро

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian