„Шлаканица“ за старлетата: Зошто палатата не ѝ дозволи на Ким да присуствува на јубилејот на кралицата?

3 mins read

Можеби е најпознатата старлета на планетата, но некои врати ѝ остануваат засекогаш затворени. Бакингемската палата ја одби молбата на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан да присуствува на официјалната прослава по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, откако ријалити ѕвездата со своето момче Пит Дејвидсон одлета за Лондон.

Ким била толку одлучна да присуствува на прославата, така што извор за „Дејли мејл“ рекол дека се обидува да набави билети на други начини, па дури рекла дека не ѝ пречи ако тие „не се ВИП“.

„На Ким ретко ѝ се забранува да присуствува на кој било настан, така што ова беше прилично изненадувачки, особено затоа што таа не го посетува често Лондон. Ким и Пит го сакаат кралското семејство и навистина сакаа да бидат дел од оваа посебна прослава“, изјави извор за „Дејли мејл“, но не е јасно дали прославата на јубилејот била единствената причина поради која парот отишол во Лондон.

Инаку, на настанот ќе настапат „Квин“, Дијана Рос и Нил Роџерс, а ќе се појават и Сер Дејвид Атенборо и Дејвид Бекам. Околу 10.000 билети се поделени на јавни личности, а 7.500 за армијата, волонтерите и добротворните организации.

Ким и Пит престојуваат последните денови во Велика Британија и биле видени како купуваат накит во лондонскиот „Мејфер“. Шетале рака под рака на пазар Довер стрит пред да влезат во продавницата со накит „Comme des Garcons“.

Парот исто така уживал во вечерата во кафулето „Ривер“ во Лондон.

Официјалната причина зошто Ким беше одбиена не е објавена, но се чини дека причината лежи лично во кралицата Елизабета Втора. Имено, пред неколку години се случи бизарен инцидент кога лично кралицата, односно нејзината придружба ѝ забранила на Ким да престојува во хотелот „Дорчестер“ во Лондон, бидејќи во истиот хотел требало да престојува кралицата.

Иако тогаш сите се обидоа да негираат дека кралицата не ја поднесува Ким и дека вистинската причина е загриженоста за нејзиното осигурување како ќе се справи со папараците, ова последно одбивање им дава за право на теоретичарите на заговор кои постојано повторуваат: Елизабета Втора ја мрази Ким Кардашијан.

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон

ФОТО | Кејт Мидлтон повторно покажа скромност: Со стајлингот ѝ оддаде чест на принцезата Дијана

ФОТО | Кејт Мидлтон повторно покажа скромност: Со стајлингот ѝ оддаде чест на принцезата Дијана

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почнува двобојот за титулата: МЗТ Скопје Аеродром брани, Пелистер напаѓа

Следно

Зеленски по повод 100-тиот ден од руската инвазија: Победата ќе биде наша

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian