Шесто издание на „Вози право, вози здраво“ во недела во Скопје

1 min read

Скопските улици во недела неколку часа ќе бидат преплавени од луѓе со велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички и скејтборди…

Повеќе од 3500 учесници досега се пријавиле за ревијалната трка низ улиците на Скопје – ВОЗИ ПРАВО, ВОЗИ ЗДРАВО vol.6 што ќе се одржи во недела на 5 јуни во организација на Стопанска банка АД – Скопје, а со поддршка од Град Скопје.

Стартот на трката е закажан за 18 часот од Порта Македонија, додека целта е во Градски парк каде што ќе се организира голема забава и богата лотарија за учесниците.

Во наградниот фонд се приклучува и Градот Скопје, при што ќе додели еден вредносен ваучер за набавка на алтернативно превозно средство.

Шестото издание на „Вози право, вози здраво“ се организира по пауза од две години поради пандемијата.

На последниот настан во 2019 година имаше 7.800 регистрирани учесници.

skopjeinfo.mk

Претходно

Украина нема намера да користи американско оружје за напад врз Русија

Следно

РФМ парично ги награди ракометарите за пласманот на Светското првенство 2023

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian